Блумберг: Белата куќа размислува за забрана за увоз на руски алуминиум

National flags of Russia and the U.S. fly at Vnukovo International Airport in Moscow, Russia April 11, 2017. REUTERS/Maxim Shemetov – RTX353QY

Администрацијата на американскиот претседател Џо Ба ден размислува за целосна забрана на увоз на руски алуминиум како одговор на руската воена ескалација во Украина, пренесува Блумберг.

Белата куќа, наводно, разгледува три опции: целосна забрана, зголемување на тарифите на толку високо ниво што би можеле да бидат еквивалентни на забрана или санкции против Русал.

Ваквиот потег би имал далекусежни импликации за глобалниот пазар на алуминиум, што потенцијално ќе ги остави потрошувачите во САД и на други места да се обидуваат да најдат заменски метал.

По Кина, Русија е втор најголем светски производител на алуминиум, кој е клучен за повеќето тешки индустрии.

Само во САД, руските пратки традиционално сочинуваат околу 10 отсто од вкупниот увоз на алуминиум, а податоците покажуваат дека Русија е трет најголем извозник во САД во август.

Back to top button
Close