Богоевски ги доби Ахмети и Џафери на Врховен

Врховниот суд пресуди во корист на поранешниот разузнавач Слободан Богоевски, по побарана ревизија од Али Ахмети и Муса Џафери.

Ахмети и Џафери најпрвин го тужеа Богоевски пред граѓанскиот суд за клевета и навреда, односно по неговото сведочењето пред Окружниот суд во Њујорк во 2014, за случајот “Маџар Телеком”.

Богоевски, тогаш сведочеше дека  функционерите на ДУИ зеле поткуп од 7,5 милиони евра за да обезбедат гаранција дека на македонскиот пазар нема да влезе друг телекомуникациски оператор.

Богоевски не одговараше за клевета, односно судовите пресудија во негова корист, а сега пресудите ги запечати и Врховниот суд.

повеќе

Back to top button
Close