Боки 13 денеска потворно ќе поднесува кривични пријави во ОЈО
Јовановски на 25 јуни беше во Обвинителството, но тогаш не завршил со поднесувањето на пријавите и записникот останал отворен, по што му закажале нов термин за денеска.
Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски минатата недела изјави дека пријавите се за функционери од државните институции, но и за лица надвор од нив. Притоа, посочи дека кривичните пријави се за дела злоупотреба на службената положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, несовесно лекување, тортура …
Јовановски во случајот „Рекет“ беше осуден на девет години затвор, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби седум години