Борел: Да ја обновиме Украина со руските резерви“

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, рече дека земјите на ЕУ треба да размислат за запленување на замрзнатите девизни резерви на Русија за, како што рече, да ги насочат средствата за обнова на Украина.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“, шефот на европската дипломатија потсети дека Соединетите Американски Држави претходно ја презедоа контролата врз имотот во вредност од милијарди долари што ѝ припаѓаат на авганистанската централна банка, делумно за да ги обесштетат жртвите на тероризмот, како и за хуманитарна помош во земјата.

Според него, би било можно да се разгледаат такви чекори со руските резерви, бидејќи оваа идеја „звучи логично“.

 

Back to top button
Close