Борел: Најавата на САД за санкции против Меѓународниот кривичен суд е лоша вест

Високиот претставник за надворешни работи на ЕУ, Јосеп Борел, не сака да ја коментира најавата на американската администрација за санкции против Меѓународниот кривичен суд, но рече дека ја примил како лоша вест, јави дописничката на МИА од Брисел.

-За ова дознав кога завршив со состанокот, ова е многу лоша вест, но сакам да бидам внимателен бидејќи не ги знам сѐ уште деталите, и не можам на сѐ да реагирам на лице место, рече Борел.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска даде зелено светло за санкции против персоналот на Меѓународниот кривичен суд за да спречи истрага за потенцијални воени злосторства на американски воени лица и разузнавачи во Авганистан.

Борел инсистираше дека ЕУ продолжува целосно да ја поддржува работата на Судот.

-Секако ова е многу загрижувачко, ние како ЕУ сме силен поддржувач на Меѓународниот кривичен суд и можам да ја повторам поддршката за оваа институција. Судот играл клучна улога во обезбедувањето на меѓународната правда и справување со меѓународни кривични дека, тој е фактор на правда и мир и треба да биде почитуван и поддржуван од сите нации, додаде шефот на европската дипломатија.тм/сд/

Back to top button
Close