Борел: Сакаме да ја видиме Северна Македонија како напредува кон ЕУ

– Среќен сум е што се сретнав со новиот министер за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски. Северна Македонија е наш силен сојузник. Добрососедските односи и регионалната соработка мора да останат приоритет за земјата. Сакаме да ја видиме Северна Македонија како напредува во процесот на пристапување во ЕУ, наведе Борел во објавата.

Муцунски беше дел од македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски која претходните три дена учествуваше на средбата на шефови на држави или влади на членките на НАТО што се одржа во Вашингтон. Во состав на делегацијата беа и министрите за одбрана и за внатрешни работи, Владо Мисајловски и Панче Тошковски.

Back to top button
Close