Борис Џонсон се повлекува од трката за премиер на Велика Британија


Се повлекува од трката за премиер поранешниот британски премиер Борис Џонсон со што останува отворен пат на Риши Сунак.

„Во изминатите неколку дена, за жал, дојдов до заклучок дека едноставно не би било правилно. Не можете ефективно да владеете ако немате обединета партија во Парламентот”, рече Џонсон. Тој собра 100 потписи за поддршка од пратениците на владејачката Конзервативна партија, доволно за продолжување на изборната трка.

Сунак (42) кој беше министер за финансии вчера потврди дека учествува во трката за премиер откако ја доби поддршката од 124 пратеници од Конзервативната партија.

Во Велика Британија премиер станува лидерот на владејачката партија.

Изборот на нов премиер е по оставката на Лиз Трас, која на таа функција беше нешто повеќе од еден месец.

Back to top button
Close