Борисов: Не сакам да бидам премиер, пратеник или министер


Два дена по изборите во Бугарија, Бојко Борисов даде изјава за медиумите и кажа дека не сака да биде ниту министер, ниту пратеник или премиер.

Борисов кажа дека бил подготвен на компромиси и отстапки во име на народот, но не одговори со кого ќе прави коалиција.

„Не сакам да сум министер, пратеник или премиер. Мојата морална победа е врв на тоа што сакав да се случи. ГЕРБ е прва политичка сила. Ќе ги поканам останатите лидери за да разговараме“, кажа Борисов.

Back to top button
Close