Борусија Дортмунд се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите
Борусија Дортмунд се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако го доби реваншот на гостувањето кај Лил со 2-1.
Првиот меч пред една недела заврши нерешено 1-1, а во реваншот во Лил домаќините поведоа со ран гол на Џонатан Дејвид, но Дортмунд се врати по голот од пенал во 54. минута на Емре Чан и на и Максимилијан Баер во 65-тата со што германскиот тим обезбеди средба со Барселона во четвртфиналето.