ПМФЛ: Четврта победа на Струга на домашен терен без примен гол

Струга ја продолжи серијата победи без примен гол на домашен терен и со триумф попладнево над Силекс од 1-0, во рамки на 6. коло во ПМФЛ, се врати на второто место на табелата.
Голот вреден три бодови за домашниот тим го постигна францускиот интернационалец Ласана Дијако во 59 минута.
Струга сега е второпласирана на табелата со 13. бодови, два помалку од лидерот Шкендија, додека Силекс со третиот пораз во серија остана на петтото место со седум бодови.
Во завршниот натпревар од 6. коло во ПМФЛ, актуелниот шампион Вардар вечерва го пречекува Арсими.






