Трамп тврди дека Маск ја возобновил мрежата Старлинк за Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Илон Маск го обновил пристапот на Украина до сателитскиот интернет Старлинк, откако претходните ограничувања предизвикаа пречки во дејствувањето на украинските вооружени сили.

Трамп излезе со оваа изјава откако украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека врската со воената мрежа Старшилд, обезбедена преку сателитскиот систем Старлинк, сè уште не е целосно вратена во функција.
Трамп одби да коментира дали лично му се јавил на Маск со барање да ги укине рестрикциите, но рече дека најважно е тоа што Маск ја вратил услугата.
Украинската армија истовремено користи две верзии на системот, комерцијалниот Старлинк и побезбедниот Старшилд, во зависност од комуникациските потреби.
Двете мрежи се потпираат на 10.000 сателити во ниската орбита на Земјата за обезбедување стабилна врска на боиштата и во оддалечените области, каде што брзиот интернет е неопходен за ефикасно управување со беспилотните летала.
Зеленски претходно на прес-конференција кажа дека брзината на воениот систем сè уште не е вратена на 400 километри на час и дека се работи на надминување на проблемот






