Комити го бојкотираат Миленко Неделковски, бараат да си замине од Вардар


Навивачката група на Вардар, Комити, ги оствари своите најави дека вечерва на средбата со Арсими ќе дојдат во голем број и ќе скандираат против првиот човек на клубот, Миленко Неделковски.

Само што влегоа на трибините, почнаа да го навредуваат во стилот на скандирањето против екс претседателот на ФФМ и газда на некогашнот ривал Силекс, Љубисав Иванов-Ѕинго.

„Наш е Вардар, наш ќе остане!“ – почна бојкотот против првиот човек на клубот Миленко Неделковски. Следеа пароли и скандирања против Миленко Неделковски.

Со тоа, најверните навивачи на црвено-црните уште еднаш го потврдија ставот дека клубот го сметаат за свој и дека нема да отстапат од барањето за промени во управата. Групата претходно официјално соопшти дека ќе ги бојкотира натпреварите на Вардар сè додека управата на чело со Миленко Неделковски не поднесе оставка.

Натпреварот со Арсими, според најавите на „Комити“, е последниот на кој тие ќе дадат поддршка од трибините пред почетокот на бојкотот.

После ова, Комитите ќе ги бојкотираат мечевите на ФК Вардар, додека Неделковски не ја напушти функцијата.

Back to top button
Close