Браќата од Гевгелија живееле во иста куќа а не зборувале 40 години. Убиството било за тужба од убиениот за убиецот

Како што соопшти попладнево Јавното обвинителство, осомничениот 69-годишник вчера со умисла ги лишил од живот сопствениот брат и неговата сопруга, со кои живееле во иста семејна куќа со различни влезови. Кога ги забележал оштетените како се паркираат со нивното возило пред дворот на куќата, наведува ЈО; осомничениот излегол во дворот, држејќи ја во рацете приватната тужба поднесена против него од починатите за кривично дело – Оштетување туѓи предмети.

– Двајцата браќа имале нарушени меѓусебни односи и не разговарале повеќе од 40 години, но починатите тужбата ја поднеле неодамна, бидејќи осомничениот, ставајќи олуци на куќата, скршил плочки и ја оштетил оградата од нивната тераса. Кога им забележал за поднесената тужба, тие не сакале да разговараат со него, па осомничениот влегол дома и го зел пиштолот марка „Црвена застава“, со калибар 7,62 милиметри кој го поседувал со дозвола. Потоа испукал повеќе куршуми кон братот и снаата, кои од здобиените повреди тие починале на самото место – стои во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

 

 

Back to top button
Close