Брегзит: Холандски цариници запленуваат сендвичи од патници од Британија

Холандските цариници се снимени како конфискуваат сендвичи и друга храна од патници на брод кој пристигнал од Британија, наведувајќи ги како причина новите правила по Брегзит.

На снимките направени минатата недела можат да се видат цариници како стопираат возачи на автомобили и камиони.

„Добредојдовте во Брегзит господине… жал ми е“, вели еден цариник додека му го одзема сендвичот на еден возач на камион, кој е Полјак.
Возачот потоа го прашува холандскиот цариник дали може „да му го земе само месото и да му го остави лебот?“ Но цариникот одговара: „Не, се ќе биде конфискувано“.

На снимката се гледа како на друг возач му одземаат рибни производи.

Согласно новите правила, по излегувањето на Велика Британија од ЕУ на 1 јануари годинава, забрането е внесување на месни или млечни производи, дури и за лична употреба, во ЕУ. Правилото има за цел да спречи влез на прехранбени производи кои можат да пренесуваат болести.

Frankreich leere Regale bei Marks & Spencer in ParisПразни рафтови во продавница на „Маркс и Спенсер“ во Франција поради Брегзит

Новите правила тешко го погодија и британскиот трговски ланец „Маркс и Спенсер“ кому не му е дозволено да ги продава своите популарни сендвичи и готови јадења во Франција откако Британија ја напушти ЕУ.

Back to top button
Close