Британија ја покани Северна Кореја да испрати претставник на погребот на кралицата

Велика Британија покани претставник на Северна Кореја да присуствува на погребот на кралицата Елизабета во понеделник, а Авганистан, Сирија и Венецуела не се поканети, изјави денеска извор од Министерството за надворешни работи.

Поканата се однесува на амбасадорско ниво.

Погребот на кралицата ќе се одржи во понеделник во Лондон, а на него ќе присуствуваат бројни светски лидери, членови на кралското семејство и други високи гости.

Сирија и Венецуела не беа поканети бидејќи Велика Британија во моментов нема дипломатски односи со нив, а Авганистан поради актуелната поли ичка ситуација, вели изворот.

Така тие три земји се приклучуваат на Русија, Мјанмар и Белорусија, кои исто така не беа поканети.

Back to top button
Close