Британски разузнавачи: Москва врши притисок врз проруските власти на окупираните територии

Низ новоокупираните територии во јужна Украина, властите што ги постави Русија веројатно ќе бидат под зголемен притисок од Москва да ја консолидираат својата контрола врз регионот и да се подготват за референдуми за приклучување кон Русија подоцна оваа година, тврди британското Министерство за одбрана во својот последен разузнавачки извештај.

Во извештајот се наведува и дека Русија во моментов ги смета окупираните територии „под привремена цивилно-воена управа”. Локалните власти веројатно го принудуваат населението да открива лични податоци за да ги состави избирачките списоци, тврдат британските разузнавачи.

Back to top button
Close