Британските разузнавачи предвидуваат дека борбите во Украина ќе се интензивираат во следните две до три недели
Борбите во Украина ќе се интензивираат во следните две до три недели, предвидува британското воено разузнавање во најновиот извештај објавен утринава од британското Министерство за одбрана.
Разузнавачите велат дека руските сили продолжуваат да се повлекуваат од Белорусија и се очекува да бидат испратени во источна Украина.