Британско МО: Руските резервисти во Украина сами си купуваат воена опрема

„Контингенти мобилизирани руски резервисти се распоредени во Украина во последните две недели. Нивното просечно ниво на лична опрема е речиси сигурно пониско од и онака лошата понуда на претходно распоредени војници”, се вели во денешниот извештај на британското Министерство за одбрана врз основа на разузнавачки податоци, објавено на Твитер.

Во извештајот се наведува дека мобилизираните Руси мораат сами да купуваат воена опрема. Ова првенствено се однесува на панцирните елеци, особено на модерниот елек 6B45. Наменет е како дел од воената опрема, но многу војници не го добиле од армијата туку морале сами да го набават.

Така, сега овој елек се продава онлајн за околу 640 долари. Тоа е значително повеќе од 190 долари колку што чинеше во април.

„Ендемската корупција и лошата логистика остануваат една од основните причини за лошите резултати на Русија во Украина”, се заклучува во британското соопштение.

Back to top button
Close