Британското Министерство за одбрана: Руските сили го зазедоа украинскиот град Кремина

Руските сили го зазедоа украинскиот град Кремина во областа Луганск, соопшти британското Министерство за одбрана.

Како што пренесе Бета, поради борбените операции, не е можна евакуација на цивили.

– Наводно, градот Кремина падна, тешки борби се во тек јужно од Изјум, додека руските сили се обидуваат да напредуваат кон градовите Славјанск и Краматорск на север и исток, соопшти на Твитер британското Министерство за одбрана.

Русија пред неколку дена тврдеше дека го зазела градот, а од Украина нема соопштение за борбата во Кремина.

Британската војска не ги откри изворите, според кои, руските сили го освоиле градот Кремина, оддалечен 575 километри од Киев.

Back to top button
Close