Брнабиќ и Дачиќ во одбрана на Вучиќ: Само тој направи нешто за Косово

Министерот за надворешни работи и лидер на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека сите напади врз претседателот Александар Вучиќ, во деновите кога Србија треба да биде обединета, само и штетат на земјата и, според него, се само во корист на непријателот.

-Вучиќ, како и секогаш, ја покажа сета своја големина и сила, изразувајќи ја својата цврста намера Србија да остане посветена на дијалогот, за да не биде прејудицирана и нападната поради одбивањето да учествува во потрагата по политичко решение за косовската криза истовремено изразувајќи цврста решителност да ги заштитиме нашите национални и државни интереси – изјави Дачиќ за Танјуг.

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ, пак, на својот профил на Твитер напиша дека единствениот кој во последните децении направил нешто за Косово е претседателот на Србија Александар Вучиќ.

-Единствениот кој во последните децении нешто направил за Косово и Метохија и нашиот народ на КиМ е Александар Вучиќ, а денес оние кои во 2001 година ги пуштија албанските терористи на слобода, во 2004 го премолчеа погромот, а во 2008 прогласувањето на независноста, во 2010 ги преместија преговорите од ОН во ЕУ“, напиша српската премиерка.

Ова следува по изјавата на српскиот претседател Вучиќ дека Белград е подготвен да го прифати концептот на европскиот предлог за Косово, што ја подели српската јавност, бидејќи некои бараат тој да не биде „соло“ играч и да ја објасни суштината на предлогот пред парламентот, додека други бараат да го потпише што е можно поскоро.

Back to top button
Close