Брнабиќ: Немам ниту еден добар збор да кажам за нашите партнери во ЕУ и КФОР, тие задоцнија

whatsapp sharing button
twitter sharing button
viber sharing button

Немам ниту еден убав збор да кажам за нашите партнери во ЕУ и нашите партнери во КФОР, нивната реакција беше задоцнета, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ.

Додаде дека ситуацијата на Косово е тешка и дека и се чини дека никогаш не било потешко.

„Благодарам на нашиот народ во Косово што е достоинствен до тој степен што е неверојатно, што е мирољубив, што пружи ненасилен отпор, што се бори за своето име и презиме, за своите домови и за државата Србија. Се чини дека специјалните единици на косовските сили, а се чини дека КФОР и НАТО едвај чекале нешто да направат Србите, за да реагираат. Немам ниту еден убав збор да кажам за нашите партнери во ЕУ и КФОР, нивната реакција беше задоцнета, требаше да бидат во петок вака како денеска“, изјави таа.

Како што изјави Брнабиќ, тие денес не ја штитат демократијата „туку узурпаторите – од демократијата и од обичните луѓе и дека тоа мора да продолжи за да се зачува мирот. Со зачувување на мирот се чуваат животите, но и опстанокот, се чуваат Србија и Косово“, додаде таа.

„Ја следиме ситуацијата од минута во минута, но ова непочитување на какви било демократски принципи од меѓународната заедница за мене е зачудувачки, но е целосно разобличено и кажува многу за нив“, рече Брнабиќ.

На прашањето кои ќе бидат следните чекори, таа рече дека треба да и се дозволи на дипломатијата прво да го направи своето, наведувајќи дека претседателот на Србија имал многу јавувања и средби и денеска и во текот на ноќта.

Back to top button
Close