Брод кој пловел за Бугарија го блокираше Босфор


Протокот Босфор е затворен за сообраќај во двата правци поради дефект на брод кој патувал од Египет кон Бугарија, соопшти Дирекцијата за крајбрежна безбедност, пренесува агенцијата Анадолија.

Хаваријата на 134-метарскиот брод СПАРТА се случила додека бродот бил во реонот на мостот Јавуз Султан Селим над Босфорот, а кон бродот се упатени шлепери, соопшти Дирекцијата.

Back to top button
Close