Бугарија: ГЕРБ и ПП-ДБ договорија владина коалиција со ротирачки премиери

Во првите 9 месеци премиер ќе биде Николај Денков од ПП, а вицепремиер и министер за надворешни работи Марија Габриел од ГЕРБ. Следните 9 месеци Габриел ќе стане премиер, а Денков вицепремиер.
Ова го соопштија на заедничка прес конференција Габриел и Денков по разговорите меѓу ПП-ДБ и ГЕРБ . Оваа информација беше објавена на само еден час пред пред кандидатката за премиер на првата политичка сила ГЕРБ, Марија Габриел, да го врати првиот мандат на претседателот Румен Радев.