Бугарија мора сама да се справува со своето минато, вели Стефоска и посочува на примерот со Вили Брант

Во секоја национална историја има разни страни – темни и светли и секој си е одговорен за соочување и справување со сопственото минато, вели министерката за култура

Убедена сум дека премиерот сака буквално да ја истурка земјата да оди напред, но и покрај сите негови напори тој не може да ѝ помогне на нашата сосетка Бугарија, бидејќи бугарското општество мора, како и секое друго, самото да се справува со темните страни од своето минато, изјави денеска министерката за култура Ирена Стефоска, коментирајќи за вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев за БГНЕС.

Стефоска, која е професорка на Институтот за национална историја, посочува дека има многу примерикако тоа се случувало и како се работи на справување со минатото. Го наведува примерот со некогашниот германскиот канцелар Вили Брант, кој, при посета на Полска, клекна пред споменикот на хероите и на тој начин побара прошка и се извини за злосторствата на нацистите во Втората светска војна. Така, тој го отвори патот за процесот на простување.

„Од друга страна, во секоја национална историја има разни страни – темни и светли и секој си е одговорен за соочување и справување со сопственото минато. Но, тоа не може да биде пречка, услов за нашите евроинтеграции“,изјави Стефоска.

Ако услов за нашите евроинетргации се историјата или идентитетски прашања, укажа таа, тогаш немаше да постопи Европската Унија.

„Билатерални спорови од секаква природа имало меѓу земјите членки на ЕУ. Убедена сум дека со поддршка на нашите пријатели од Брисел, процесот на нашето интегрирање ќе продолжи и понатаму“,изјави Стефоска.

Back to top button
Close