Бугарија пак застана на погрешната страна на историјата

Ќе остане запишано во историјата и врежано во главите на повеќе генерации граѓани на Македонија, ќе се прикажува од колено на колено, дека Бугарија ја блокира Македонија на европскиот пат. Единствено Бугарија и никој друг од 27 членки на ЕУ ја постави барикадата.

Низ целата своја понова историја Бугарија од крајот на 19 и целиот 20., и еве сега во 21. век, особено кога е во прашање Македонија, застанувала на погрешната страна на историјата. „Најромантичниот дел од историјата на Бугарија“ всушност  секогаш е силување. Романтика со сила не бива. Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, исплашен од антицивилизациската и антиевропска блокада на прогресот на Македонија и од последиците, денес, по ветото, изјавува дека поколенијата и во  Македонија и во Бугарија „ќе нѐ осудуваат што не најдовме компромис“.

Од каде на каде ултиматумот веднаш по ветото прерасна во компромис!? Од кога тоа уцената е компромис, од кој едната страна, македонската, е осудена на самоубиство.

На патот до Голгота

Некои мудри, учени и добрнамерни луѓе кај нашите комшии уште на стартот на патот до Голгота го поставија прашањето : Знае ли Бугарија што сака од Македонија. Ете, го добија конечниот одговор. Сака да ни го стави на врат глоговиот крст, да не распне на него, да ја спречи европеизацијата на Македонија, да ги понижи Македонците за навек.

Успеaja во тоа, ама само до воскреснувањето на Македонија. Можеа Бугарите во наредните години додека траат преговорите со ЕУ да нѐ блокираат стотина пати, за корупција, за организиран криминал, за владеење на правото, за застој на демократските процеси, за уште десетици  работи и да бидат во право. Но, ете сакаа да нѐ понижат, да покажат огорченост за невозвратена љубов кон насилието.

Целата колумна на Ерол Ризаов на „Независен“ на следниот линк.

Back to top button
Close