Бугарија шокирана од изјавата на Рама на Блед во која однесувањето на Бугарија кон Македонија го спореди со руското кон Украина.

Бугарскиот портал БГНЕС како насловна вест ја пренесува изјавата на македонскиот новинар и публицист Ким Мехмети дадена за порталот во која тој вели „албанскиот премиер Еди Рама според политичките убедувања е заколнат Србин и како таков околу себе гледа со очите на Белград“ пренесе globe mk
Не е прв пат албанскиот премиер да ја критикува официјална Софија заради нејзиното однесување кон Македонија и македонскиот народ, а тоа може да ги изненади само оние што не ја разбираат „љубовта кон браќата Срби“ на Еди Рама, ја пренесува изјавата на Мехмети БГНЕС.
Коментарот на Ким Мехмети е побаран по изнесениот став на албанскиот премиер Еди Рама искажан на Блед, каде што Рама односот на Бугарија кон Македонија го спореди со оној на Русија кон Украина. Ким Мехмети изјавил и дека според политичките убедувања Еди рама е истот толку Србин колку што е Александар Вучиќ.
Бугарскиот портал коментира дека критиките на албанскиот премиер кон официјална Софија го надминуваат неговато „лично политичко слепило“ и ја откриваат вистината дека до голем степен политичкиот часовник застанал во Тирана кога Албанија е раководена од емисарите на Москва и Тито, а за нив има еден центар на регионално влијание-Белград.
Односот на албанскиот премиер кон бугарско-македонските недоразбирања „ и неговата перверзна заштита“ на Република Северна Македонија само ја открива вистината дека и денес во Албанија во голема мерка владеат оние коие не се ослободени од српските вистини, односно оние кои ги гледаат интересите на својот албански народ преку српскиот ум, коментира БГНЕС.
Ставот на БГНЕС што е во сопственост на македонскиот Бугарин Љубчо Нешков дека се што размислува поинаку од негаторскиот став на Софија кон Македонците е постојано во фонот дека проблемите на релација Софија-Скопје ги создаваат „длабоката држава “ „ Белградски пиони“ и „титоисти“, а сега на таа листа го става и албанскиот премиер Еди Рама и официјалната политика на Тирана, за што потврда на својот став побара од Ким Мехмети.






