Бугарски Фактор: Божиновска управувала со “Руднап дооел Скопје” – фирма осомничена дека го оштетила МЕПСО за 700.000 евра

– Сања Божиновска, новата министерка за енергетика во владата на бугаромразецот Христијан Мицкоски, не само што поседувала бугарско државјанство и била со докажано бугарско потекло, туку имала сериозен бизнис во Бугарија. Била управителка на моќна компанија – пишува faktor.bg.

Порталот се повикува на податоците според кои Божиновска во Бугарија е поврзана со „РУДНАП ГРУП БУГАРИЈА ЕООД“, регистрирана во Софија на адреса р-н Оборище. На истата адреса регистрирани се уште 38 други фирми

Основната дејност на „РУДНАП ГРУП БУГАРИЈА ЕООД“ е развој и реализација на проекти од областа на енергетиката, производството и трговијата со електрична енергија во Бугарија и во странство, вклучително и производство и трговија со енергетски производи (нафта, природен гас, јаглен), складирање и транспорт на енергетски производи и сл. Во 2012 година компанијата остварила промет од 130.627.000 лева или околу 65 милиони евра.

Токму во овој период доаѓа до промена во раководството на компанијата, бидејќи на местото на Ана Живкова Китина управителка станува Сања Божиновска.

Китина во Бугарија е поврзана со седум компании во својство на менаџер, главно од областа на консултантски услуги.

Во 2014 година местото на Сања Божиновска го презема Сандра Берберович, извршна директорка на „РУДНАП ГРУП“.

„РУДНАП ГРУП“ е холдинг компанија во сопственост на српскиот бизнисмен, Војин Лазаревиќ, кој главно се занимава со трговија со електрична енергија. Лазаревиќ важи за осмиот најбогат српски бизнисмен, кој во тоа време, според официјалната статистика на Централната банка на Русија, имал имот и пари во вредност од над 170 милиони евра.

Крајниот сопственик на „RUDNAP GROUP BULGARIA EOOD“ е „ALTARIA RESEARCH LIMITED“. Регистрирана е на Кипар, но е во сопственост на филијалите на „РУДНАП ГРУП“ во Австрија, Унгарија, Србија, Македонија, Хрватска и Романија. И „RUDNAP GROUP“ и „ALTARIA RESEARCH LIMITED“ се поврзуваат со Војин Лазаревиќ.

Во 2008 година, беше покрената истрага за „перење пари“ за сомнителната продажба на „КРАУН АКВИЗИШН“ на сомнителниот босански бизнисмен, Дамир Фазлиќ, на „АЛТАРИЯ РИСЪРЧ ЛИМИТЕД“.

Сања Божиновска се поврзува и со „РУДНАП ДООЕЛ“ Скопје каде што беше управителка. Оваа компанија повеќе не постои бидејќи на 06.12.2017 година била предмет на истрага на Финансиската полиција на Северна Македонија. Се појавиле сомнежи дека ја оштетила државната енергетска компанија МЕПСО за 700.000 евра.

Божиновска е блиска соработничка на Христијан Мицкоски во бизнисот на трговија со електрична енергија. Самиот Мицкоски, кој во владата на Никола Груевски беше директор на ЕЛЕМ, е познат по своите интереси во бизнисот со електрична енергија. Опозицијата и медиумите во Северна Македонија посочуваат дека Мицкоски поседува и мали хидроцентрали

Сања Божиновска беше дел и од менаџментот на „РУДНАП ГРУП ЕОО Белград“, Србија, каде имаше и две фирми во ликвидација – „СОФТВЕРСКИ БИЗНИС БУНДЛЕС СОЛУШНС“ и „ИНТЕРНЕШЕНЛ ТРЕЙДИНГ СОФТВЕР ЕОО“. Божиновска беше дел и од ЕСПАДА С.Р.О во Чешка, каде сега извршен директор е Љубомир Цветанов Гудев.

Војин Лазаревиќ заедно со Вук Хамовиќ се познати како еден од најголемите бизнисмени на Балканот кога е во прашање бизнисот со електрична енергија. Во 2000 година, двајцата се здружуваат во Energy Financing Team – EFT со кој почнуваат да доминираат на енергетскиот пазар на Балканот.

Татко на Вук Хамовиќ е Радомир Раде Хамовиќ, генерал на ЈНА, за кој се верува дека бил вработен во југословенските тајни служби, чии врски се прошируваат и постојат до денес во повеќе земји и региони.

За само две години, ЕФТ стана доминантна компанија во трговијата со електрична енергија во Србија, Црна Гора, БиХ. Во секоја од овие земји го практикуваа истиот модел – ЕФТ купуваше струја евтино. Шефовите на локалните државни енергетски компании со ЕФТ потпишаа неповолни договори за нивните компании.

Самите тендери за снабдување со електрична енергија имаа услови кои најмногу ги штитеа интересите на ЕФТ. Тандемот Лазаревиќ – Хамовиќ беа косопственици и на српската „Национална штедилница“ и „Евроаксис банка“, која Слободан Милошевиќ ја отвори во Москва во 1994 година за да ги заобиколи санкциите против тогашната СФРЈ.

Преку нив им давале кредити на енергетските компании со кои тие пак купувале струја од нив. Против Лазаревиќ и Хамовиќ беа започнати истраги во Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, кои беа прекинати главно поради недостиг на докази. Во истрагата против Хамовиќ учествуваа и институции од САД и Велика Британија.

Под името ЕФТ се регистрирани 15 компании, а седиштето на главната компанија е на Кипар. ЕФТ, исто така, имаше дозвола за трговија со електрична енергија во Германија, Австрија, Италија, Словенија и Романија.

Директор на ЕФТ-Македонија беше Кочо Анѓушев, македонски бизнисмен, директор на „Брако“ од Велес, кој неодамна се најде на „црната листа“ на САД поради сомневања за корупција. Тој е професор на Машинскиот факултет во Скопје, каде што предава и новиот македонски премиер Христијан Мицкоски. Двајцата се блиски колеги и соработници.

Директор на ЕФТ-Бугарија беше Богомил Манчев, познат бизнисмен во енергетскиот сектор, кој во 2013 година беше обвинет дека присвоил 8,6 милиони лева од проектот „АЕЦ Белене“.

Според извори на Медиапул обвинителството ги истражуваше зделките на НЕК со „ЕФТ-Бугарија“ за извоз на евтина струја на тројца министри: Милко Ковачев, Мирослав Севлиевски и Румен Овчаров.

Во периодот меѓу 2003 – 2007 година извезена е струја во вредност од близу 600 милиони евра.

Ја продаваше EFT Group во Словенија и други земји по дампинг цени, но не без добивка, што значи дека е купена доста евтино. Оригиналниот договор беше продолжен со бројни анекси. Прашањето што истражителите си го поставуваат е зошто НЕК, која е трговец со струја, наместо директно да тргува, користела услуги на посредник и дали трансакцијата не и наштетила на државата.

Во енергетскиот бизнис, Вук Хамовиќ оствари сериозна соработка со Кинезите, кои неодамна беа најавени како нови големи инвеститори во енергетскиот сектор во Северна Македонија.

Токму кинеската државна компанија „CHINA THREE GORGES SOUTH ASIA INVESTEMENT LTD“ е сопственик на „ALCAZAR ENERGY PARTNERS“ која покажа интерес за изградба на парк со ветерници во близина на Штип. Дали кинеските инвестиции се благодарение на врската Хамовиќ-Мицкоски и новата министерка за енергетика со бугарско потекло Сања Божиновска останува да се види.

Извор: Faktor.bg

Превод: Либертас

 

 

Back to top button
Close