Бугарски медиуми со детали за убиството: Полицијата истражува и обид за силување.

Порталот Flagman.bg го откри местото на кое било пронајдено телото на 50-годишниот македонец Игор Н. кој беше брутално убиен од 14-годишниот Михаил. Н од Несебар.

Убиството било извршено вчера попладне на Сончев Брег. Засега не се јасни мотивите.

Полицијата работи на неколку верзии. Според информации на порталот, меѓу нив има и обид за силување.

Како што пишува бугарскиот сајт „Flagman.bg“, суровото злосторство го извршил вчера 14-годишниот Михаил Х. Тој со дрвен кол ја нападнал својата жртва по главата. По смртоносните удари телото го однел во шумата во близина на ресторанот „Бачвата“ и го покрил со даски. Но, полициските службеници многу брзо ги пронашле и трупот и сторителот.

Според информации од познаници, убиството се случило откако повозрасниот маж сакал да има интимна врска со малолетниот Михаил. Двајцата се сретнале на Сончев Брег, по што Македонецот на 14-годишното момче му понудил да го почести. За време на состанокот, 49-годишниот маж наводно му предложил на момчето да одат на затскриено место за да имаат секс. Момчето се налутило, зел дрвен кол и почнало да го удира по главата. Неколку удари биле доволни за да го изврши бруталното убиство.

Меѓу верзиите е и обид за грабеж, од страна на малолетникот кои и бил познат на полицијата како проблрматичен и имал досије.

 

Back to top button
Close