Бугарското МВР тврди дека во таа држава „до моментот нема информации за маж осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска“
Бугарското Министерство за внатрешни работи денеска објави дека „до моментот нема информации дека на бугарска територија“ е човек кој е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје
„Немаме податоци дека за него има меѓународна потерница“, соопшти МВР на Бугарија, јави БТА.
БТА потсетува дека доцна синоќа три лица се приведени во Северна Македонија за убиство на 14-годишно девојче од Скопје и 74-годишен велешанец. Информацијата дека осомничениот за убиството Љупчо Палевски е во Бугарија, ја соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференцијата заедно со јавниот обвинител Гаврил Бубевски.