Бундеслига: Победи за Баерн и Борусија Дортмунд

Водечките две екипи во германската Бундеслига забележаа победи во претпоследното, 33. коло.

Резултати:

Баерн Минхен – Фрајбург 3:1
Фортуна Дизелдорф – Аугзбург 1:1
Келн – Ајнтрахт Франкфурт 1:1
Херта – Баер Леверкузен 2:0
Хофенхајм – Унион Берлин 4:0
Мајнц – Вердер Бремен 3:1
Падерборн – Борусија Менхенгладбах 1:3
Лајпциг – Борусија Дортмунд 0:2
Шалке – Волвзбург 1:4.

Баерн Минхен од неодамна ја обезбеди шампионската титула и е лидер со 79 бода, Борусија Дортмунд е втора со 69 и обезбедено директно учество во Лигата на шампионите, Лајпциг е трет со 63, Борусија Менхенгладбах има 62, Баер Леверкузен 60,…

Бундеслигата ја напушта Падерборн, а Вердер и Фортуна Дизелдорф ќе се обидат во последното коло да го избегнат 17. место кое исто така значи испаѓање од елитата. Фортуна има 30 бода, Вердер 28, Падерборн 20.

Back to top button
Close