Македонскиот кошаркарски шампион не ги искористи шанси и загуби од Ираклис

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со пораз од 59:64 од грчки Ираклис ги почна натпреварите од ФИБА Европа купот. Гостите од Солун вечерва во најголемиот дел од натпреварот водеа, а „металците“ само во неколку наврати во првото полувреме имаа предност.

Во последната четвртина при водство од 58:55 за Ираклис избраниците на Васко Атанасов пропуштија неколку напади да поентираат и да ги казнат грешките на противникот и евентуално да стигнат до победа.

Бекот на МЗТ Скопје Аеродром Ноа Фарах со 18 поени беше најефикасен на дуелот.

Во следното коло македонскиот првак на домашен терен игра со претставникот на Естонија Турту, кој денеска загуби на домашен терен од Џики Варшава 76:103. Дуелот од второто коло се игра на 14.октомври.

Back to top button
Close