Митовски: Државо, прибери си ги говедата, твои се повеќе од две и пол години
„Многу е лесно од канцеларија да кажеш – почекајте, стрпете се. Дојдете и кажете им го тоа во очи на овие напатени луѓе. Дојде ножот до коска, луѓе мои, ова е колективна казна за цела Крива Паланка и затоа уште еднаш велам – доста беше. Доделете ѝ ја законската надлежност на општината и за помалку од десет дена ќе имаме трајно решение на проблемот“, кажа Митовски на протестот

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на протестот што се одржа денеска поради неконтролираното движење на добитокот, ги повика Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за управување со одземен имот да постапуваат и што поскоро да го решат проблемот. Тој побара од централната власт да го разгледа Акцискиот план на владината седница во вторник, а во спротивно најави радикализација на протестите.
„Државо, собери си ги говедата, твои се повеќе од две и пол години. Многу е лесно од канцеларија да кажеш – почекајте, стрпете се. Дојдете и кажете им го тоа во очи на овие напатени луѓе. Дојде ножот до коска, луѓе мои, ова е колективна казна за цела Крива Паланка и затоа уште еднаш велам – доста беше. Доделете ѝ ја законската надлежност на општината и за помалку од десет дена ќе имаме трајно решение на проблемот“,порача Митовски.
Дел од жителите присутни на протестот порачаа дека имаат големи штети од неконтролираното движење на добитокот во Крива Паланка и околината






