Бунтовниците во Конго поставиле експлозив на едногодишни близначки
Бунтовниците во Демократска Република Конго поставија појаси со експлозив на едногодишни близначки како стапица за владините сили – што е само еден случај што укажува на зголемено насилство врз децата таму, соопштија денеска УНИЦЕФ.
Девојчињата биле во село во северниот дел на Киву, регион каде милитантите на Обединетите демократски сили (АДФ) вршат бомбашки напади, објави агенцијата за деца при ОН (УНИЦЕФ).
Експертите безбедно го извадиле експлозивот од близначките. „Намерата беше бомбите да експлодираат кога ќе дојде полицијата или војската“, рече Грант Леити, претставник на УНИЦЕФ во Конго. Употребата на импровизирани бомби е само еден од „бескрупулозните примери“ на насилство врз децата што достигнува невидени размери на истокот на земјата, додаде тој.
„Децата се силувани и убивани секој ден. Тие се киднапирани и мобилизирани во вооружени групи. Пријавените случаи се само вр на ледениот брег“, предупреди Лејти.
Насилството во Конго предизвика една од најлошите и најдолготрајните хуманитарни кризи во светот. Има недостиг на храна за 27 милиони луѓе, а речиси 5,5 милиони ги напуштиле своите домови, покажуваат податоците на ОН.