ЦЈЗ Куманово: Дваесет и пет заболени од Липково, едно лице од Куманово

– Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа регистрира 26 новозаразени лица од Ковид 19, соопшти денеска директорот на јавната здравствена установа д-р Ариф Љатифи. Дваесет и пет од нив се од Општина Липково, а едно лице од општина Куманово.

– Шестнаесет од заболените се од село Слупчане, шест лица се од Липково и три од Матејче. Сите заболени се од познати кластери. Тестирањата се вршат генерално непречено, со неколку исклучоци, лица кои не веруваат во постоење на вирусот. Но, во соработка со општината другите институции и чинители во Липково се спроведува тестирањето, изјави д-р Љатифи.

Едното починато лице на возраст од 52 години е жител на општина Липково.

Back to top button
Close