Царовска во посета на Универзитетот Тракија во Едрене
– Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска во Едрене како дел од официјалната посета на Република Турција, го посети Универзитетот „Тракија” кадешто имаше работна средба со профофесорот Ерхан Табакоглу и претставници на директоратот за образование. Една од главните теми за којашто разговараа министерката и ректорот била унапредувањето на соработката на овој Универзитет со нашите високо образовни институции, особено во делот на размената на студенти и научните дисциплини.
-Република Турција и Република Северна Македонија негуваат долгогодишни пријателски односи и меѓусебна соработка. Еден од сегментите кадешто можеме уште повеќе да ја зајакнеме соработката е токму високото образование, истакнала царовска на средбата.
На состанокот се разговарало и за отворање Технопарк во Северна Македонија. На овој начин, било нагласено, ќе се прошират можностите за студентска размена, мобилност на наставниот кадар и истражувања од взаемна важност.