Целиот регион е во потрага по Вања. Мајката Зорица открива дали забележала нешто сомнително пред да замине на училиште

Целиот регион, вклучително и Интерпол, се вклучи во потрагата по 14-годишната Вања Горчевска од Скопје, која исчезна на 27 ноември на пат кон училиште.

Јавноста во Македонија е загрижена за нејзиното исчезнување, имајќи предвид дека Вања исчезна во еден од најпосетуваните делови на градот, Дебар Маало. Вања е исчезната веќе петти ден, а веста за нејзиното исчезнување се споделува во медиумите и на социјалните мрежи низ целиот регион, вклучително и Србија.

Полицијата објави нејзини фотографии и опис и ги истражува сите можни мотиви и причини за нејзиното исчезнување.

Фотографии се поставени низ целиот центар на Скопје, за минувачите да знаат се за Вања и да пријават доколку имаат информации за неа.

Мајката Зорица за српски Телеграф вели дека Вања е деветто одделение, не излегува многу, има неколку другарки и најчесто е дома.

-Ги проверивме сите нејзини профили на социјалните мрежи, ги имам сите нејзини лозинки, не забележавме ништо чудно. Вања не е таква девојка. Се сомневам дека е киднапирана, Господ да ми прости ако грешам. Да знаев дека побегнала од дома и да имав проблеми со неа, сигурно немаше толку да паничам – додала мајката.

МВР соопшти дека веднаш по пријавата покренало истрага и дека разговарало со луѓе блиски до девојката, додека биле прегледани камерите.

Фотографиите на Вања Горчевска се споделуваат на социјалните мрежи низ целиот регион. Информациите за нејзиното исчезнување беа објавени на платформата „Find Me“, која е дел од мрежата Amber Alert во Европа.

Back to top button
Close