Цените на нафтата се близу 105 долари

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари се задржаа близу 105 долари, балансирајќи меѓу најавите за нов круг преговори меѓу Иран и САД и проценките за продолжена нестабилност во транзитот низ Ормускиот теснец.
На лондонскиот пазар барел нафта попладне се тргуваше по цена од 104,90 долари, речиси непроменета во однос на вчерашното затворање. На американскиот пазар цената изнесуваше 94,07 долари, што е пад од 1,78 долари.
Неделата ја одбележаа тензии поврзани со блокадите околу Ормускиот теснец и иранските пристаништа.
Иран претходно најави отворање на теснецот со услов бродовите да го координираат преминот со иранската морнарица, додека САД продолжија со блокадата на иранските пристаништа и покрај продолженото примирје.
Во меѓувреме, беа регистрирани и пресретнувања на бродови од двете страни, што дополнително ја зголеми несигурноста на пазарите.






