Централното собрание на АА иницираше разрешување на Таравари, конечна одлука и нов лидер на конгрес идниот викенд

Со мнозинство гласови членовите на Централното собрание на Алијансата за Албанците донесоа одлука за разрешување на претседаталот на партијата Арбен Таравари.

По завршувањето на состанокот, претседателот на Централното собрание Зијадин Села соопшти дека имале макотрпна дебати и од 108 присутни, 106 членови гласале „за“ , еден бил против и еден воздржан. Според дневниот ред , првата точка предвидувала да се разговара за последните случувања во партијата, но откако констатирале дека претседателот на партијата Арбен Таравари не се појавил преминале на следната – иницијатива за разрешување.

„Како резултат и последица на оваа одлука, другата точка беше да се оди на конгрес кој ќе се одржи на 18 февруари и ќе се одлучува за иницијативата која ја донесе Централното собрание на Алијансата за Албанците , а тоа е разрешување на претседателот на партијата Арбен Таравари, поради грубо кршење на статутот на партијата,рече Села.

Прашан за можна кандидатура на претседателските избори Села рече дека не размислува за тоа. Во однос на тоа дали ќе имаат свој претседателски канидат Села порача:

„Се наоѓаме во критична ситуација како држава. Знаете дека ни претстојат уставни измнеи кои требаше да бидат завршени за да патот кон ЕУ биде гарантиран, а преку тоа и повеќе стабилност кога многу политички актери од истокот се заинтересирани за несигурност и релаизација на нивни геополитички цели. Според тоа АА ќе се однесува како и секогаш , одговорно. Таква ќе биде и нашата одлука,“рече Села.

Тој го повтори ставот дека партијата треба самостојно да настапи на изборите и порача дека уставните измени според него ќе бидат услов за формирање влада.

„Било кој да биде мандатар за фомрирање власт, најпрвин да се случат уставните измени, па после да се оди на формирање на влада“додаде

Back to top button
Close