Честика од Џафери по повод Националниот ден на Власите

– Претседателот на Собранието, Талат Џафери по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите упати честитка до припадниците на влашката заедница во државава.

– Дозволете од лично име и од име на моите колеги пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, да Ви го честитам 23-ти Мај, Националниот ден на Власите. Драги сограѓани, нека овој ден биде уште еден повод да ја изразам мојата почит и благодарност за придонесот кој како заедница го давате во нашето заедничко општество, како низ историјата така и во сегашноста а убеден сум и во иднина. Република Северна Македонија ја градиме заеднички, справувајќи се со сите предизвици заедно, радувајќи се на сите успеси исто така заедно, затоа што само така е природно, сплотени да креираме еднакво општество кое ќе понуди еднакви можности за убав и квалитетен живот на сите граѓани и на идните поколенија, истакна Џафери во честитката.

-Искрено се надевам дека ќе успеете да ја сочувате и понатаму промовирате посебноста на влашката заедница што е во прилог на збогатувањето на општествениот живот во нашата земја и дека ќе продолжите да напредувате на личен и колективен план. Честитки за Националниот ден на Власите, Ви посакувам убав празничен ден!, стои во честитката од Џафери до припадниците на влашката заедница.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close