Четири дена по убиството на Вања, Палевски ја земал целата опрема за подкаст и заминал за Белград

Денеска во Кривичниот суд на прашања од обвинителите одговараше првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо.

Обвинителката Жаклина Јосифовска го праша Палевски каде всушност одел, кога тргнал на пат за Белград, четири дена по убиството на Вања, со оглед на тоа дека тој претходно тврдеше дека го боли половината и одел натака за второ мислење за болеста но, според обвинителката, тој со себе немал ни еден лист од медицинската документација, туку носел цела опрема за подкаст.

„Имав две цедиња во куферот, Обвинителството ми ги украде”, кажа Палевски.

На прашање за тоа зошто како совесен граѓанин, откако видел дека неговата слика е низ медиумите, не се вратил од Баликесир, Палевски одговори дека иако му било јасно дека е осомничен и ќе го уапсат, сепак не знаел таму ни полицијата, ни судот кај се.

Тој додаде дека нема забелешка за турската полиција, освен една.

„Кога ме уапсија, ме тргна еден од инспекторите, ме сликна и на Whatsapp му ја прати на тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Потоа таа фотографија беше проследена до медиумите”, одговори Палевски.

Обвинителката се врати на 22.11.2023 година, односно денот кога беше грабнат и убиен 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, со констатација дека Палевски измислил дека го сретнало некое лице тука во Скопје, но првообвинетиот тврди дека тоа лице постоело и било претепано во истрагата.

Сепак, Палевски не може да се сети на неговото име и презиме.

„Има сериозни последици. Јас не можам да се сетам на неговото име и презиме. Додека ја шетав Хера, среќавав многу луѓе. Благодарение на медиумите, не прифаќаат покани за сведочење”, ги обвини Палевски медиумите.(tv21)

Back to top button
Close