Четири лица повредени во сообраќајка после мостот „Гоце Делчев“

Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вечерва кај мостот „Гоце Делчев“. Во несреќата едно од возилата се превртело и запалило.

– На 15.10.2024 околу 20:55 часот е пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ на кракот со улица „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „шкода” со скопски регистарски таблички и патничко возило „бмв” со скопски регистарски таблички. Возилото “шкода” се превртело и се запалило. Четири лица се пренесени во Клинички Центар „Мајка Тереза“ за укажување на помош. Сообраќајот беше пренасочен кратко време, а сега се одвива во една коловозна лента, информираше вечерва Министерството за внатрешни работи.

Back to top button
Close