Четири нови случаи на коронавирус во Кавадарци
– Четири нови случаи на коронавирус се евидентирани денеска во Кавадарци, потврди за МИА Ристе Јовановски, специјалист и епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Станува збор за три лица од машки и едно од женски пол. Заболените се на возраст од 14, 19, 46 и 53 години. Три од лицата се заразиле од претходно позитивен член во семејството.
Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Се утврдуваат нивните контакти, со цел нивна изолација.