Член на Шкаљарскиот клан е тешко ранет во пукотница во Барселона

Членот на Шкаљарскиот клан – Крсто Вујиќ е тешко ранет денес во Барселона, потврди Подгорица Вијести.

Шпанските медиуми објавија дека едно лице е тешко повредено во пукотницата што се случила непосредно пред 16:00 часот во населбата Дијагонал Мар во Барселона.

Полицијата ги истражува мотивите на нападот, како и бројот на луѓе што учествувале во него, според шпанските медиуми.

Досега никој не е уапсен.

Беше објаснето дека мажот бил на терасата на еден бар во тој дел од градот кога, непосредно пред 16:00 часот, напаѓачите пукале во негов правец.

Според шпанските медиуми, во времето на нападот, тој седел на терасата на кафулето со сопругата и малолетниот син.

Ел Паис пишува дека каталонската полиција добила дојава дека едно лице е рането во пукотница во област во близина на плажата, во чија близина има неколку училишта.

Истите извори на „Ел Паис“ наведуваат дека ранетиот човек бил однесен во болница во критична состојба.

Според информациите од „Вијести“, тој бил погоден со четири куршуми.

Back to top button
Close