Чулев: Наредниот период ќе објавиме информации за отворените истраги во кои се инволвирани функционери

 Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска повтори дека во наредниот период Министерсвото ќе објави информации за отворените истраги во кои се инволвирани и носители на јавни функции, за кои веќе се добиени информации дека се можни сторители на кривични дела.

– Во однос на истрагите кои ги најавив сакав да кажам дека изминатиот период како МВР, покрај концентрацијата што значи спроведување на мерките и одлуките на Владата за заштита на здравјето на граѓаните, МВР не ја изгуби од увид и откривачката функција, односно активностите во областа на откривање на сторители на кривични дела посебно во областа на организиран криминал и корупцијата, па и во овој дел. Во наредниот пеирод ќе објавуваме информации и за одредени ноосители на јавни функции за кои имаме веќе добиени информации, а кои се можни сторители на кривични дела, рече Чулев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој уверува дека МВР изминатиот период било целосно ангажирано и во откривање кривични дела и во борба против организиран криминал и корупција, а имале и сериозни предизвици кои во наредниот период, како што вели, ќе се мултиплицираат, а тоа е спречување на илегалната миграција.

Back to top button
Close