Чулев: Земавме изјава од Дончев, податоците што ги изнесол ќе му ги дадеме на ОЈО

Во денешното интервју на Канал 5 дадов одговор на прашањата поврзани со денешното повикување во полициска станица на поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, пишува на Фејсбук техничкиот министер Наќе Чулев

„На покана на Министерството за внатрешни работи тој денес бил во полициската станица Карпош каде од страна на инспектори од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал се извршени разговори. Податоците и информациите кој тој ги изнел за време на разговорот ќе бидат доставени во форма на известување до ОЈО и понатамошното постапување ќе зависи од насоките кои ќе бидат дадени од нивна страна“, вели Чулев.

Back to top button
Close