Циципас и Хачанов четвртфиналисти на Мастерсот во Париз

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Париз, откако попладнево во три сета го совлада Аргентинецот Франциско Серундола со 6:7, 6:4, 6:2).

Циципас, 11. тенисер во светот, го совлада 29. рангираниот тенисер на АТП листата по два часа и 23 минути.

Гркот во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Фис и Зверев.

Пласман во четвртфиналето денеска обезбеди и 21. тенисер во светот, Русинот Карен Хачанов, кој го совлада Австралиецот Алексеј Попирин со 2:0 (7:6, 6:4).

До победата над 24. играч на светот Хачанов дојде по еден час и 57 минути игра.

Хачанов во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Димитров-Риндеркнеш

Back to top button
Close