Ципрас: Пред заканите за нашиот национален суверенитет и суверени права, сите сме обединети

Ердгоан да знае наспроти него е целиот грчки народ, пред заканите за нашиот национален суверенитет и суверените права, сите сме обединети, порача лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА Алексис Ципрас во интервјуто за телевизијата „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за односите со Турција и ставовите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Ципрас истакна дека тоа што „националниот фронт е нескршлив против турската провокација, не значи дека во внатрешноста нема демократски дијалог“ и СИРИЗА ќе продолжи со критиките „за надвореÑ �ната политика која се покажува како опасна“.

-Потребно е да бидеме смирени во однос на реторичките испади на Ердоган. Не е првпат да гледаме слични тврдења, но првпат гледаме толку голема тензија во оваа реторика. Да бидеме смирени и одлучни. И добро е сите да знаеме секако и грчкиот народ, но и оние кои не слушаат и го преведуваат на други јазици ова што го кажуваме, дека пред заканите за нашиот национален суверенитет и суверените права, сите сме обединети. А Ердоган наспроти него нема еден слаб и во заминување премиер, туку гоима целиот грчки народ. Нека го знае ова, истакна Ципрас.

 

Back to top button
Close