Цивили евакуирани од Азовстал: „Не можете ни да замислите низ што минавме“ (видео)

Вчера околу стотина цивили беа евакуирани од челичарницата Азовстал, последното упориште на бранителите на разурнатиот град Мариупол, по двомесечна опсада.

Се проценува дека во бункерите и засолништата биле убиени околу 2.000 украински борци и околу 1.000 цивили. Мариупол беше целосно уништен во двомесечните напади на руската армија.

Една од жените евакуирани вчера разговарала со новинар на Ројтерс. Таа рече дека била толку исплашена што мислела дека срцето ќе и застане.

Наталија Усманова (37), поранешна работничка во фабрика за челик, рече дека се плашела дека бункерот нема да ги издржи руските бомби.

„Бев ужасно исплашена. Кога бункерот почна да се тресе, бев хистерична, мојот сопруг може да ви го потврди тоа. Бев толку исплашена дека бункерот ќе се урне”, вели Усманова.

„Не сме виделе сонце толку долго“, изјави Усманова на новинарот во селото Безимен во регионот Доњецк, кој е под контрола на проруските сепаратисти, на околу 30 километри источно од Мариупол.

„Не можете да замислите низ што минавме, тој ужас. Живеев и работев таму цел живот, но она што го видовме е страшно”, вели таа.

 

Превод: Независен

Back to top button
Close