Црна Гора забрани влез во земјата на македонските државјани

Црна Гора, која веќе нема активни случаи на коронавирус, денеска повторно ги отвори границите за странците, но Институтот за јавно здравје во меѓувреме ја ревидираше листата земји на чии државјани им е дозволен влез. На листата сега се наоѓаат 131 држава, откако беа исфрлени Македонија и Ирска, бидејќи тие ја надминуваат стапката од 25 заразени на 100.000 жители.

„Туристи главно од западноевропските земји почнаа да влегуваат во Црна Гора веднаш после полноќ, штом беше укината одлуката за задолжителен карантин за граѓаните на оние земји во кои што има помалку од 25 активни случаи на коронавирус на 100.000 жители“, објави Владата на Црна Гора на Твитер.

Откако вчера беа потврдени 62 позитивни теста, најмногу во последните месец и пол, во Македонија моментално има 541 активен случај на коронавирус.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close