ЦРНИТЕ ДУПКИ СЕ ЗГАСНАТИ СОНЦА

Без оглед дали е со осум или шеснаесет или без ниеден крак, на
македонското сонце му се заканува опасност да стане црна дупка.
Кога нашето државно јадро ќе ја загуби моќта на разумот, зацртаниот европки пат и ќе колабира во себе, надвладеано од силите на криминалот,корупцијата и политичката незрелост, тогаш неминовно настанува ЦРНА ДУПКА која безмилосно ќе ги рони и голта преостанатите елементи на општеството кои на крај здробени во најситни честички, обезличени ќе завршат во центарот на дупката, во сингуларитетот на нашиот
државотворен (не)капацитет.
Со комшо од мојата населба често зборуваме за проблемите во општсеството.
Комшо стално се жали на државата, а ја се обидувам да му ги објаснам најосновните работи за функционирање на државата, што е плата што е пензија и како одат тие работи. Но комшо тешко разбира. Не дека не може, туку не сака.
Полесно е да се жали и стално да споредува во Германија вака било во Австралија онака било. И на крај секако, владата не чинела. Комшо утре ќе гласа за ВМРО и тој е мирен.
И јас нешто си размислувам. Толку ли таа партија успева да ги држи своите гласачи цврсто за ремен (да некажам за нешто друго). Толку ли македончето не може да се одважи и да каже не сакам да бидам ничии заложник. Но пак сфаќам, луѓето се во незгодни животни ситуации и партиите ги гледаат како
едниствена можност за некој просперитет, а партиите знаејќи го тоа, безмилосно ги користат. Но потоа си велам и тие политичари кои се во партиите произлегуваат од истиот народ, истиот менталитет. На крај се се затвара во маѓепсан груг кој се врти како вител и не знам како може да се прекине. Но ако не се прекине неминовно ќе го преминеме хоризонтот на случување (event horizon), онаа точка од која нема враќање од црната дупка, и од која се оди само во еден правец, накај центарот на дупката.
А како што тргнавме да се играме со последната можност за некаква
европска интеграција, предводени од ВМРО ДПМНЕ и Жмицковски, мислам дека хоризонтот ќе го преминеме многу брзо.
И никој нема да ни биде крив затоа што самите од нашето сонце направивме црна дупка.
Некој ќе каже, па што, има теории дека црните дупки се отвори во сосема нови универзуми, па така и ние ќе завршиме во некој универзум кај што владеат БРИКС, РУСКА ФЕДЕРАЦИЈА, ОРБАН, ШОЌЕНИЕЕУ. Можеби. Секако би биле први што емпириски би го провериле тоа. Само нема да може да им кажеме на другите од овој универзум, затоа што од црна дупка не може да излезе никаква информација.
Затоа никој нема да го чуе нашето колективно офаманаман кога ќе сфатиме каква грешка направивме. Ако воопшто сфатиме.
Но еве, да не биде сѐ така црно. По теоријата на Хокинг, црните дупки,
евентуално, по долго долго долго време испаруваат, односно некоја честица од време на време успева да излета од неа, тоа се нарекува Хокингова радијација.
Така и нашата црна дупка Македонија евентуално ќе се испразни со тоа што луѓето едноставно еден по еден ќе си заминуваат, „неко вани а неко ка небу”, со таа разлика што ова ќе се случи за многу пократко време од тоа предвидено за космичките црни дупки.
Затоа треба добро да се размисли, дали наместо македонското сонце да свети меѓу останатите ѕвезди од соѕвездието на Европа, ќе дозволиме тоа да стане траорна црна дупка, исфрлена во вселенската шир на пропаднатиот свет, на која никој нема да сака да и се приближи и ќе ја заобиколуваат во широк радиус.
ФБ статус на Матеј Богдановски






